Таблет
комуникаторите се напредни електронски
уреди кои им ја олеснуваат комуникацијата
на луѓето со тешкотии во говорот.
Додека
едноставните комуникатори создаваат
говор со репродукција на снимени пораки,
комуникаторите за таблети нудат широк
спектар на можности користејќи
комуникациски софтвер во кој веќе има
бројни изрази, зборови со придружни
симболи и можност за пишување пораки
што ќе ги зборува комуникаторот.
Таблет
комуникаторот ги надминува недостатоците
на едноставните комуникатори бидејќи
при изработка се запазени принципите
на пристапност:
-
Јасни слики
-
Соодветен контраст
-
Соодветна големина
-
Можност за прилагодување на потребата
на секој корисник зависно од попреченоста
-
Можност за избор на глас
Кога
се зборува за деца кои имаат тешкотии
во говорот и комуникацијата многу е
важно да се користи комуникатор на
мајчин јазик. Во моментов на Плејстор
(Play Store), достапни се две апликации на
македонски јазик. Кликнете на полињата
за да дознаете повеќе.
Говоркое
бесплатна апликација која е во фаза на
уредување и надградување. Може да ја
симнете на Андроид телефон или таблет.
8.1
Сиборд (Cboard) - комуникатор
Сиборд
(Cboard) е бесплатна апликација којашто ја
олеснува комуникацијата на децата и
возрасните кои имаат тешкотии во говорот
и достапна е на македонски и албански
јазик, во веб-формат
и на Плејстор.
Комуникацијата
се олеснува со помош на слики и говор,
кој е поврзан со понудените слики.
Апликацијата го претвора текстот во
говор и ја олеснува комуникацијата со
помош на симболи. Апликацијата поедноставно
кажано претставува напредна дигитална
комуникациска книга, којашто се состои
од четири елементи: место на кое се редат
картичките, картички, папки и табли.
Може да се креира индивидуализиран
кориснички профил на кој ќе се користат
табли и симболи согласно потребите на
детето.
Во
суштина Сиборд ви овозможува, наместо
да ги печатите и пластифицирате сликичките
и симболите што сакате да ги користите
со вашето дете, тоа да го направите во
еден дигитален формат преку кој се
заштедува и време на изработка на
картичките, а и се заштедуваат финансии
за печатење и пластифицирање. Дополнителна
предност на Сиборд како дигитална
комуникациска книга во однос на хартиената
е тоа што Сиборд го носите на мобилниот
телефон или таблет и може да додавате
нови слики или симболи во движење, додека
сте надвор од домот, на одмор и слично.
Практичен
пример од дете кое за прв пат користи
апликација за да комуницира
Искуство
со користење на апликацијата C board во
ресурсен центар
Почетно
зададената комуникациска плочка, која
се прикажува со првото влегување во
апликацијата Сиборд, содржи веќе
подготвени категории на симболи како
симболи за: брз разговор, време, храна,
пијалаци, активности, емоции, облека,
луѓе и многу други.
Може
самостојно да се изработуваат комуникациски
плочки за која било животна ситуација
или активност, како и да се уредуваат
постојните. Содржините на комуникациските
плочки може да се дополнуваат, да се
бришат, да се уредуваат, а редоследот
на симболите во нив исто така може да
се менува.
Апликацијата
Сиборд нуди поддршка на 33 јазици, меѓу
кои се и македонскиот и албанскиот. Има
вградена поддршка за текст во говор.
Ако во поставките (settings) на уредот е
избрана програмата за претворање на
текстот во говор, апликацијата ќе ја
препознае и со клик на одреден симбол
ќе го изговори и неговото значење. Исто
така, ако со избор на неколку симболи
се состави реченица, со клик на копчето
во горниот дел од екранот наречено
„излезна лента“ ќе се изговори таа
реченица што сте ја составиле. Моментално
максималниот број на симболи што може
да бидат искористени во една реченица
е 15.
Со
помош на многубројните достапни опции
во поставките (settings) што се наоѓаат во
самата апликација, во Сиборд може да ги
приспособувате и изгледот и навигацијата
низ апликацијата. На комуникациската
плочка може да се менува големината на
симболите и големината на фонтот на
текстот, потоа да се сокрие излезната
лента каде што се составува реченицата,
да се променува позицијата или да се
отстрани текстуалното име на симболот,
како и да се овозможи темната тема на
апликацијата.
Важно
е да напоменеме дека покрај графички
дизајнираните симболи и компјутеризираниот
глас што ги користи апликацијата, во
неа постои можност како симболи Вие
сами да внесувате реални фотографии од
животот на вашето дете, како и да го
снимите Вашиот глас на кој детето веќе
е навикнато.
Оваа
апликација може да се користи и на
телефон и на компјутер, а постапката за
инсталирање и нејзино користење се
прикажани на линковите (1 и 2) подолу.
Како
се употребува Сиборд?
Видео
- туторијали за користење на Си борд на
таблет и на паметен телефон
Видео
- туторијали за користење на Си борд на
компјутер
Во прилог
се дадени неколку „замки“, на коишто
треба да се внимава при подготовката
на детето за користење ААК од негова
страна бидејќи може да го успорат или
оневозможат учењето на овој метод за
комуникација:
Да не
се ставаат одеднаш премногу симболи
кои не се веднаш употребливи;
Неколку
основни зборови/симболи секогаш да
бидат на исто место за да се развијат
низи на редоследни движења и асоцијации;
Да се
намали когнитивното оптоварување кога
се учи да се користи системот (значи да
се започне со помалку симболи, па да се
зголемува нивниот број);
Да се
дадат позитивни повратни информации
(браво, одлично направено);
„За
успешно користење на ААК потребно е
многу вежбање“.
Во Прилог
2 може да најдете неколку вежби кои ќе
ве воведат во процесот на користење на
ААК.