Сигурно
не очекувавте да го видите снегот. Како
се чувствувате? Од пријатна температура,
наеднаш станува многу студено. Снегот
натрупува неочекувано, многу. Дали сте
подготвени да продолжите со прошетката?
Ќе седнете ли на ќебенцето ако надвор
е веќе минус 20 степени?
Сигурно
претходната слика ви ги промени плановите
и очекувањето. Во реалноста, родителите
кои очекуваат дете, имаат одредена
замисла во нивните глави, визија за тоа
како нивното дете треба да изгледа, да
се однесува и да се развива. Сепак,
понекогаш животот не е едноставен и
предвидлив. Всушност, доста често може
да се случат неочекувани промени кои
нѐ принудуваат да почнеме да го живееме
животот на сосема нов начин. Некогаш
промените траат кратко, а некогаш траат
цел живот.
Што
ни се случува, зошто ни се случува,
згрешивме, задоцнивме ли, пропуштивме
ли нешто...?
Меѓу
нас има родители кои веднаш по раѓањето
на детето или година, две, три подоцна
треба да се соочат со фактот дека некои
работи во нивниот живот, односно животот
на нивното дете, нема да одат според
претходно зацртаниот план и дека нивното
дете се разликува од нивните врсници.
Дознавањето
дека детето има отстапувања од стандардите
за детски развој е неочекувана вест,
збунувачка, честопати и страшна и носи
многу промени. Оваа ситуација наметливо
се меша во личното и семејното
функционирање.
Кога
ќе се случи тој момент, родителите,
сосема разбирливо, можат да се „замрзнат“.
Се појавува страв, вина, се трупаат
прашања на кои не го знаат одговорот, а
околината има куп совети кои воопшто
не помагаат.
Што
згрешивме, задоцнивме, пропуштивме ли
нешто, што ни се случува...? Стотици вакви
и слични прашања и мисли ги држат
родителите будни од утро до вечер и
повторно до утро - а сѐ што треба да знаат
родителите во тој момент е дека - тие
не се виновни за ништо.
Некои работи едноставно се случуваат
и најдоброто нешто што можеме да го
направиме во тој момент и за нас како
родители и за детето е да ја прифатиме
и засакаме новата реалност што можеби
ќе трае краткорочно, а можеби и во
остатокот од животот. Содржините подолу
ќе дадат повеќе информации и насоки кои
ќе бидат корисни за развојот на детето
и поддршка на семејството.