Возраст на детето: 6 месеци
Разбирање
на говор: Реагирањето на
звуци во околината е карактеристично
за овој период кај вашето дете. Тоа ќе
го забележите преку движењето на неговата
глава и неговите очи. На пример: Се врти
кон лицето кое му зборува или се врти
кон изворот на звук (автомобил што брмчи,
куче кое лае, играчка што произведува
звук).
Користење
на говор:
Во овој период се појавува гугање
(баблинг). Детето повторува исти слогови
(пример. ма-ма –ма, ба-ба-ба, та-та-та) во
времетраење од 2-3 секунди. Овие слогови
не значат појава на прв збор туку се
основа од која се развива зборот.
Насока
за родителот:
-
Зборувајте му на вашето дете
со нежен тон, запознавајте го со сите
звуци кои ги слуша. Во моментот кога се
слуша звукот (од звучна книга или реален
звук) покажете го изворот на звукот (на
пример животното) и зборувајте: Каде
е мачето? Посочете: Еве го мачето.
Прашајте: Како прави мачето? Вие
одговорете и имитирајте: Мјау мјау
(Очекувањето е детето да гледа и слуша,
не се бара да повторува по вас).
Зборувајте: Каде е бананата?
Посочете: Еве ја бананата. Прашајте:
Како јадеме банана? Одговорете и
имитирајте: Ам ам (Очекувањето е детето
да гледа и слуша, не се бара да повторува
по вас).
-
Пејте песнички кои ќе бидат
на мајчин јазик.
-
Именувајте ги луѓето околу
него/неа ( мама, тата, баба, деде)
-
Бидете внимателни во изборот
на едукативните сетови (играчки) кои
ги применувате со детето: внимавајте
да немаат јаки мириси, да не бидат лесно
кршливи, да не содржат ситни делови.
Изберете гумени и меки играчки што
детето ќе може лесно да ги држи во
рацете. Бидете сигурни дека се безбедни.
Побарајте совет и мислење
од стручно лице доколку:
Возраст на детето: 12 месеци
Разбирање
на говор: Во овој период детето го
препознава своето име и се врти кога
некој ќе го повика. Ги препознава имињата
на своите најблиски.
Користење
на говор: Појавата на првиот збор се
очекува во периодот од 9-тиот до 12-тиот
месец. Детето ќе повторува слогови
изговорени од вас, најчесто како што се
звуците од ономатопејата (звуци од
животни (му-у-у -му-у-у, ав-ав ,бе-е-е
-бе-е-е), и звуците кои ги произведуваат
предметите од опкружувањето (пр. брм-брм
за автомобил, ту-ту за труба, чув-чув за
воз и сл.).
Насока
за родителот:
-
Повторувајте ги звуците кои
ги произведуваат животните, превозните
средства и предметите од најблиското
опкружување. На пример брм-брм, ав-ав,
ту-ту
-
Користете ги музичките сетови
што имаат пријатни звуци (музички
играчки со пријатни мелодии, приспивни
песни. Избегнувајте јаки звуци кои
можат да го исплашат и вознемират
детето.
-
Менувајте го тонот на гласот,
бидејќи тоа ќе му помогне на детето во
понатамошното разбирање и користење
на говорот (кога имитирате лав користете
подлабок тон).
-
Доколку детето оди, вклучете
го во активности што се придружени со
движење и користете ги играчките што
може да ги влече или турка.
-
Во овој период не го
оставајте детето пред телевизорот и
на телефонот, тоа ќе го забави развојот
на говорот!!!
Побарајте
совет и мислење од стручно лице доколку:
Возраст на детето: 18 месеци
Разбирање
на говор: Детето ги разбира простите
налози и препознава предмети кои се во
неговото видно поле (Дај топка- Еве
топка) и ги разбира едноставните реченици
(Ајде одиме, седни тука.)
Користење
на говор: Речникот секојдневно се
збогатува со нови поими, па така во овој
период детето ќе започне да именува
познати поими. Детето се поздравува со
гест (мавта со рачето) или вокално
(изговара чао). Умее да покаже делови од
своето тело (нос, око, уста).
Насока
за родителот:
На пример:
Правилно: Еве вода / Пиј вода
/ Земи вода
Неправилно: Земи ја оваа
чашата со вода и напиј се од неа.
-
Објаснувајте ги дејствијата
кои се одвиваат околу детето. На пример:
Топчето падна или мама прави супа.
-
Читајте им од книги со дебели
корици и страници (на пр. картонски,
текстилни) и зборувајте за нив. Дебелите
страници овозможуваат детето самостојно
да ги врти и да ја разгледува содржината.
-
Користете топка при вашите
активности, бидејќи со неа детето ќе
вежба координација око-рака (види и
допри, следи го предметот со поглед).
-
Играјте со меки и тврди коцки
и градете кула. На тој начин детето ќе
се запознава со основните бои. Во играта
користете секогаш говор. Пример: Земи
ја коцката, еве ја жолтата коцка, дај
ми ја коцката, браво!, ајде да пробаме
пак!
-
Желбата за активности со
боички и фломастери се појавува во овој
период , затоа нека бидат дел од
секојдневието на детето.
-
Пофалните зборови се секогаш
добредојдени за мотивација на детето.
(Браво! Одлично го направи ова! Навистина
ми се допаѓа! Супер! )
Кликнете на активациските точки за да ги дознаете придобивките од читањето на книга заедно со детето.
Возраст на детето: 24 месеци
Разбирање
на говор: Во овој период детето започнува
да ги разбира сложените налози кои не
се во неговото видно поле (донеси ја
топката од соседната соба)
Продукција
на говор: Речникот се зголемува за
најмалку 20 нови зборови, детето започнува
да формира реченица со 2 до 3 збора и
самостојно го кажува своето име. На
пример: „Ајде одиме надвор; мама дојди
тука“.
Насока
за родителот:
Учете
го детето на нови работи и објаснувајте
ги сите работи кои не се јасни за него
-
Посочете го правилниот
изговор и редослед на зборовите во
реченицата, но не настојувајте секој
пат детето да повторува по вас. Бидете
правилен говорен модел од кој детето
постепено ќе учи.
-
Користете едноставни
сложувалки со 4 дела.
-
Користете сликовници со
тенки листови преку кои детето ќе се
запознава со боите, овошјето, зеленчукот
и превозните средства.
-
Во периодот помеѓу втората
и третата година започнете активности
со редоследно броење од 1 до 5. За да го
подготвите детето да брои, на почеток
користете ги неговите омилени играчки
и предмети од домот. Првите активности
со броењето водете ги вие, а потоа
започнете заеднички да броите со детето.
Кога ќе забележите дека детето веќе
покажува поголема самостојност и желба
за броење оставете само да изброи од 1
до 5 преку играта. Како што напоменавме
во овој период детето ги учи овошјето
и зеленчукот па можете нив да ги
употребите во активностите со броењето.
Доволно е да ставите во една чинија 3
различни парчиња овошје и тоа да биде
активност со која ќе се збогатува
речникот со нови поими ( банана, јаболко,
киви) , но и активност преку која ќе
можете да броите. Броевите се поими со
кои се збогатува речникот на детето.
Побарајте
совет и мислење од стручно лице доколку:
-
Детето именува само неколку
поими
-
Не поврзува два до три поими
во кратка реченица.
-
Не извршува и не разбира
сложени налози.
Броење до 5
За
оваа активност потребни се неколку
видови (испечатени или нацртани) овошје
или зеленчук (банани, портокали, јаболка
и сл.) или други детски бои. Прво подгответе
го листот како на сликата. Родителот на
почеток покажува како треба да се изврши
активноста. Пред детето ставете го
листот со овошјето или зеленчукот (пр.
јаболкото) и прашајте го: „Што е ова?“,
почекајте одговор, па потоа кажете му:
„Земи црвена боја со прст и да почнеме
со броење“. Како детето остава отпечаток,
така бројте заедно со него, а потоа
оставете го и самостојно. Доколку
прескокнува некој број, вратете се од
почеток и рака на рака (со вашата рака
покажете на неговата рака), полека,
избројте ги јаболката. Истото повторете
го со сите подготвени цртежи.
Возраст на детето: 3-4 години
Говорот
е разбирлив, бидејќи самата реченица
се состои од 3 до 4 збора во која има
употреба на еднина, множина и лични
заменки. Самата комуникација со детето
е полесна. Го знае своето име, па дури и
презиме, може да одговори дали е момче
или девојче. Умее да постави прашање и
да даде правилен одговор на поставено
прашање. Може да каже напамет кратка
песничка. Во однос на гласовите во овој
период детето треба да ги има следниве
гласови во сите три положби (на почеток,
во средина и на крај на зборот):
-
самогласките (а, о, у, е, и)
-
гласовите п, б, т, д, к, г
-
гласовите м, н, њ
-
гласовите ф, х, в, с, ш; но само
на почетокот од зборот (на пример фиока,
хартија, воз, сапун, шапка)
-
гласовите ц, ќ, ѓ; само на
почетокот на зборот (на пример цевка,
ќумбе, ѓеврек) и ч само во средина на
зборот (на пример маче, влече)
-
гласовите л, љ; само на
почетокот и во средината на зборот (на
пример лав, салата, Љупка,).
Насока
за родителот:
-
Учете го детето како да
раскажува приказни
-
Поттикнете го да ги именува
работите кои ги забележува, работите
што ги чувствува и мисли.
-
Кажете му на детето кога
греши при изговорот и редоследот на
зборовите во реченицата. На пример:
Неправилно
Јаболкото црвено.
Правилно
Јаболкото е црвено.
-
Доколку
сѐ уште користи шише со цуцла, охрабрете
го да не го користи во секојдневието.
Користењето на шише со цуцла може да
влијае на правилната артикулација на
гласовите. При пиење на млеко или вода
од шишето со цуцла детето го вади јазикот
надвор, па истото може да го прави и при
кажување на одредени букви.
-
Во активностите вклучете
пластелин, тесто, сечење со ножички и
едукативни сетови кои може да ги
подредува по големина.
Побарајте
совет и мислење од стручно лице доколку:
-
Детето сѐ уште има неразбирлив
говор
-
Во својата комуникација се
служи со странски јазик, а мајчиниот
не го разбира и применува
-
Нема проста реченица
-
Не користи множина
-
Не умее да даде одговор на
поставено прашање
Возраст на детето: 4 - 5 години
Говорот
на детето сѐ повеќе наликува на говор
на возрасен човек во поглед на граматичката
структура. Реченицата е богата со 4 до
5 збора, детето умее да опише некоја
играчка или предмет, да опише слика што
ја гледа. Детето на оваа возраст ја
разбира и ја применува функцијата на
предметите, користи некои од предлозите
(пред, позади, над, во,) умее да брои
редоследно до 10, самостојно ги именува
основните бои. Детето слободно стапува
во комуникација со врсниците и возрасните,
објаснува што видело и чуло и како го
поминало денот. На оваа возраст детето
во сите три положби (на почеток, средина
и крај на зборот) треба да ги изговара:
-
самогласките (а, о, у, е, и)
-
гласовите м , н
-
гласовите п, б, т, д, к, г
-
гласовите ф, х, в, с, ш освен
гласот с во средина (маса) и на крај од
зборот (јас)
-
гласовите треба да ги има
само на почеток од зборот ц, ч и џ (цути,
чадор) освен во средина и на крај од
зборот
-
појава на вибрација која е
неопходна за правилна артикулација на
гласот Р
-
правилна артикулација на
гласот Л (леб, сала), но не и на крајот
од зборот (сол)
Насока
за родителот:
-
Бидете говорен модел за
детето, почнете да читате книги заедно
со него и раскажувајте ги, но дозволете
и детето да ве надополнува во раскажувањето.
На овој начин ќе создадете љубов и
навика за читање.
-
Вклучете игри кои ќе послужат
за подобрување на препознавањето на
буквите кај детето, како што е играта
„На буква на буква“
Побарајте
совет и мислење од стручно лице доколку:
-
Детето има неразбирлив говор
-
Реченицата му е составена
само од 2 до 3 збора
-
Тешко започнува да конструира
реченица или ги повторува слоговите
во реченицата
-
Горенаведените гласови ги
нема во одредена позиција
Возраст на детето: 5 - 6 години
Децата
на оваа возраст, во нивната комуникација
користат сложена реченица составена
од 5 до 6 збора, речникот на зборови е
збогатен со 2000- 2500 зборови, ги разликува
поимите утро и пладне, ги разликува и
именува деновите од неделата, може да
разликува и именува нијанси на боите
како што се портокалова, светло сина,
умее да каже кратка песничка и се
забележува правилна артикулација на
сите гласови.
Насока
за родителот:
-
Секојдневието
на детето нека му биде исполнето со
креативни игри, составување на слики
од делови (сложувалки)
-
Доколку
детето има соодветно развиен говор
според возраста се дозволува слушање
на песнички и гледање на цртани на
странски јазик.
Побарајте
совет и мислење од стручно лице доколку:
-
Детето
се служи само со проста реченица
-
Има
аграматичен говор (говор без граматички
правилно формирани реченици)
-
Не
умее да раскажува
-
Има
неправилна артикулација (изговор) на
гласовите бидејќи треба сите гласови
да бидат правилни за тргнување во
училиште.