Модул 1 - Рана интервенција
Давањето поддршка во раното детство на децата со отстапувања во развојот и нивните семејства овозможува децата да имаат најдобар почеток во животот.
Улогата на раната интервенција е да ја подобри состојбата кај детето и да превенира појава на дополнителни тешкотии во развојот. Колку порано се почне, толку се поголеми шансите детето да напредува и да ги достигне развојните норми.
Овој модул е наменет за родителите, семејствата и сите блиски луѓе кои се важни за развојот на детето во неговите први години од животот (воспитувачки, негувателки итн.).
Модул 2 - Развој и отстапувања во говорот
Првите три години од животот, кога интензивно се развива мозокот, се клучни за развојот на јазично-говорните вештини. Овој модул ќе ви помогне да утврдите дали и кога да побарате стручен совет , но и кога е вистинско време за да започнете со логопедски третман со детето.
Модул 3 - Алтернативна и аугументативна комуникација
Децата кои се соочуваат со тешкотии во говор и комуникација многу често не се разбрани од врсниците и луѓето во нивното окружување, што може да претставува тешкотија за нивно активно учество во општеството. Овој модул нуди поддршка на семејствата кои не можат ефикасно со говор да комуницираат со своите деца и ќе ја подучат околината како да дадат поддршка при употреба на потпомогната комуникација.