Ниво два
Ниво 2 ги разгледува процесот на проценка, различните рамки за проценка, стратегии за инклузија при користење на SETT рамката, и спроведувањето на ААК активности во училница.
Замислата е учесниците редоследно да се водат низ материјалите за обука за Аугментативна и алтернативна комуникација.
Овие материјали се дадени на располагање на секое лице што им помага на мали деца со сериозни тешкотии во говорот и јазикот на кои им се потребни други методи на комуникација, од типот на симболи и асистивна технологија.
Ве повикуваме да ни се придружите без разлика дали сте наставник, терапевт, родител, личен асистент, давател на грижа или член на семејството.
Целта на Нивоата е да ги потрекпат општите, средните и понапредните познавања и вештини за ААК, поврзани со Европската рамка на квалификации.
Замислата е учесниците редоследно да се водат низ материјалите за обука за Аугментативна и алтернативна комуникација.
Трите нивоа се надоврзуваат на многу елементарни познавања и вештини и преминуваат на Ниво 2 каде основните знаења и вештини може да се испробаат во пракса за извршување задачи.
Најпосле, на третото Ниво може да се стекнат повеќе знаење за фактите, начелата, процесите и општите поими заедно со вештини за оценување, спроведување и прилагодување на патот кон ААК.
Во зависност колку сте сигурни во своите знаења во областа на Аугментатива на алтернативна комуникација (ААК) и асистивна технологија (АТ) , изберете го нивото од кое би сакале да почнете со учењето.
Ниво 2 ги разгледува процесот на проценка, различните рамки за проценка, стратегии за инклузија при користење на SETT рамката, и спроведувањето на ААК активности во училница.